Чиро Имобиле ужива во најдобрите моменти од кариерата.
Одличниот 30 годишен напаѓач игра феноменално во дресот на Лацио сезонава и неговото доаѓање во римскиот клуб во 2016 година се покажа како полн погодок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имобиле од сезона во сезона игра се подобро и полека ги заборава лошите периоди во Борусија Дортмунд и Севиља.
Италијанецот сега се потсети на лошите моменти во Севиља и неуспехот во клубот од Андалузија за кој го обвини Унаи Емери.
„Се чувствував многу лошо затоа што не ми дозволи да играм. Сакав уште во јануари да си заминам, но ме замоли да останам и ми вети шанса. Постигнав неколку голови, се изборив за место, а потоа ме исфрли од тимот без причина. Тогаш сфатив дека Емери нема поим од фудбал“, изјави Имобиле.
Во дресот на шпанскиот гигант тој постигна четири гола на 15 настапи, но во Севиља не се задржа долго и отиде во Лацио со кој направи одлични работи.
Емери од друга страна ги водеше ПСЖ и Арсенал и во двата клуба доби отказ.