Дома Останати Илијевски: Дозволата за он-лајн обложување на домашни сајтови донесе повеќе милиони евра приходи во државната каса

Илијевски: Дозволата за он-лајн обложување на домашни сајтови донесе повеќе милиони евра приходи во државната каса

Претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, Васко Илијевски, во интервју за Фактор ја поздрави уредбата на Владата со која се овозможи он-лајн обложување преку сајтовите на домашните обложувалници, акцентирајќи дека со оваа уредба се спречи, според некои проценки 40 до 50 милиони евра одлив на средства од државата по основ на нелегалното он-лајн обложување на странските сајтови.

„Со нелегалното он-лајн обложување на странските сајтови, државата нема контрола врз обложувањето, а парите за данокот, наместо во буџетот, се одлеваат надвор од неа. Ова се средства кои се од значаен интерес за домашната економија, одржувањето и отворањето на нови работни места и инвестиции.“ -вели Илијевски.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Иако години наназад, он лајн обложувањето на странските сајтови беше „јавна тајна“ помеѓу играчите, сепак тоа се случуваше. Уредбата, која Владата ја донесе во април оваа година, им овозможува на домашните играчи да се обложуваат он лајн во домашни обложувалници. Со ова на играчите им се гарантира безбедност на нвните уплати и ислпати, а државата има целосен увид.

Министерството за финансии, веќе ги извести странските приредувачи на игри на среќа кои нелегално и без лиценца приредуваа он-лајн обложување дека е забрането учество на граѓаните на Република Северна Македонија кај странски нелиценцирани приредувачи на игри на среќа.  Доколку УЈП утврди прилив на средства од учество во игри на среќа кај странски нелиценцирани приредувачи на игри на среќа, тоа подлежи на парични казни за играчите.

„Оваа уредба на Владата дојде во вистински момент како соодветен одговор на корона кризата и навистина помогна да се зачуваат многу работни места кои директно и индиректно ги одржува индустријата на игри на среќа.“ – вели Илијевски во интервјуто за Фактор и изразува уверување дека земајќи ги во предвид придобивките, сегашната уредба ќе помине во трајно законско решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ембид стави потпис на еден од најскапите договори во историјата

Кошаркарот на Филаделфија, Жоел Ембид потпиша нов тригодишен договор со екипата вреден 193…