Дома Фудбал Икер Касиљас на оригинален начин го поздрави враќањето на Зидан во Реал Мадрид

Икер Касиљас на оригинален начин го поздрави враќањето на Зидан во Реал Мадрид

Вчеравечер Зинедин Зидан се врати во Реал Мадрид.

Јулиен Лопетеги и Сантијаго Солари не се прославија, па Перез го врати човекот кој три години во низа ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Враќањето на Зидан беше проследено со еуфорија од страна на навивачите на Реал Мадрид, а истото важи и за легендарниот поранешен голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас кој денес го брани голот на Порто.

„Целиот мој живот мислев дека враќање во иднината 2 е најдобриот втор дел на една приказна во светот, но повеќе не мислам така!!! Најдобриот втор дел е враќањето на Зидан во Реал Мадрид!! Со среќа!!“, гласи пораката на Касиљас преку неговиот Твитер профил.

Зидан на претставувањето искажа задоволство од враќањето во клубот.

„Среќен сум што се вратив дома. Започнуваме со работа уште од утре. Перез ми се јави и веднаш го прифатив повикот. Не бев тука овој период, но се чуствувам како никогаш да не сум заминал. „Кога имате успех нормално е да бидете подржуван и сакан. Додека гледав од страна воопшто не бев среќен. Едноставно не можев да му кажам „не“ на Перез. Роналдо е минато и не треба да мислиме на негo“.

Французинот вниманието на претставувањето го привлече и со својот стајлинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…