Мауро Икарди игра уште една фантастична сезона во Интер и моменално е прв стрелец во Серија А со 16 постигнати гола на 15 натпревари.
Аргентинецот со своите партии веќе се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во светот, па во последно време се повеќе се зборува за инетерсот на Реал Мадрид за неговите услуги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
24-годишниот Икарди во својот договор има откупна клаузула од 110 милиони евра, но од Интер не се загрижени.
Спортскиот директор Пјеро Аусилио изјави дека нема контакти помегу Икарди и Реал Мадрид и дека Аргентинецот сака да остане во Интер.
„Икарди во Мадрид? Немаме потреба да го убедиме да остане во Интер , Икарди има долг договор и неговата желба е јасна. Знаме дека постои можност немој да ја плати клаузулата, но Мауро не сака да замине“, изјави Аусилио.