Дома Фудбал Италија Икарди во дербито промашуваше поради Ванда? (Видео)

Икарди во дербито промашуваше поради Ванда? (Видео)

Мауро Икарди и неговите промашувања во дербито против Милан се тема на денот во Италија.

За среќа на Интер промашувањата на Аргентинецот не ги платија скапо и бодот од дербито е доволен за „нероаѕурите“ кои ја задржуваат солидната предност на местото кое води во Лигата на шампионите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Интер беше поблиску до победата, но навивачите сега можат само да жалат што не се радуваа против градскиот ривал.

Икарди промаши се“, „Маурито што ти се случи“, се само некои од насловите во Италија.

Од друга страна додека Икарди се припремал за натпреварот, односно бил во соблекувалната се шпекулира дека добил лоши вести.

Наводно на неговата сопруга Ванда Нара не и било дозволено да влезе на стадионот. Се уште не е познато што точно се случило. Обезбедувањето било упорно, но сепак по почетокот на дербито Ванда успеала да влезе на стадионот.

Сега, доколку „росонерите“ имаа намера на тој начин да го деконцентрираат и нервираат капитенот на Интер може да се каже дека им успеа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендата на Реал ги избра најдобрите 11: Ги нема Модриќ, Зидан, Рамос, Касиљас… (Фото)

Поранешниот шпански средишен играч Гути ги одбра најдобрите 11 во историјата на Реал Мадри…