Луис Суарез после пет години се врати на Енфилд и не се прослави.
Ливерпул ја понижи Барселона со 4:0 и се избори за второ финале по ред во ЛШ. Уругваецот како и сите играчи на Барселона имаа ноќ за заборав.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во синоќешната победа четвртиот погодок на Црвените можеби е најдобриот показател колку играчите на Барселона беа деконцентрирани. ТАА на брзина изведе корнер, а Дивок Ориги топката ја сметси во мрежата. Коментар за тој гол даде и Суарез.
„Не смеевме да дозволиме да примиме два гола во една минута, а при четвртиот гол од корнерот изгледавме како „петлиња“ кои учат фудбал. Сигурно ќе има многу критики кон нас, но треба машки да ги прифатиме бидејќи таква е нашата професија.“ – изјави Суарез.