Изненадувачки вчера во фудбалскиот свет силно одекна веста дека Баерн Минхен се разделува со Јулијан Наглесман и на негово место го носи Томас Тухел.
Баерн се уште не потврдил официјално, но веќе е јасно дека Тухел ќе биде новиот стратег. По таа вест германските медиуми потсетија на изјава на претседателот на Баерн, Херберт Хајнер дадена четири дена пред отказот. Кога ќе се види оваа изјава отказот е уште повеќе изненадувачки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Напредокот под водство на тимот Нагелсман е забележителн. Јулијан работи многу добро и сите шпекулации за неговата иднина се обични озборувања кои доѓаат надвор од клубот“, изјави Хајнер за „Кикер“.
Изненаден од отказот бил и самиот Нагелсман кој веста ја дочекал додека бил на скијање и наводо дознал преку медиумите.