Ѕвездата на Монако, Килијан Мбапе е голема желба на Реал Мадрид, но изгледа тој не сака да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.
Пред неколку дена француските медиуми пренесоа дека Реал Мадрид и Манчестер Сити понудиле 130 милиони евра за 18-годошниот напаѓач на Монако.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, судејќи по изјавата која ја даде Мбапе за тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан, англисиот клуб има причина да се радува.
„Зидан ми беше идол, го обожавав бидејќи немам видено играч со подобра техника. За жал, како тренер е нешто сосема друго“, изјави Мбапе.
Англиските медиуми оваа изјава на младиот Французин ја протолкуваа дека тој повеќе сака да соработува со Гвардиола отколку со Зидан.