Дома Македонски спорт Изов ги избра фудбалерките за натпреварот против Косово

Изов ги избра фудбалерките за натпреварот против Косово

Женската македонска репрезентација во петок, 27. октомври (тренинг центар „Петар Милошевски“) и вторник, 31. октомври против Косово ќе ги одигра натпреварите од групата 5 (2. и 3. коло) во Лига на нации. 

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов за пресметките против Косово ги повика следните фудбалерки:

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Лина Самарџиоска (Вајхо, Шведска), Ведрана Комненова (Скопје); 

Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје 2014), Михаела Додевска (Скопје), Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Александра Јовановска (Истатов), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);

Среден ред: Драгана Костова (Каменица САСА), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Кристина Крстева (Скопје), Хава Мустафа (Шкендија), Оливера Цоклеска (Ас Јунајтед);

Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје 2014), Јилза Максути (Ас Јунајтед), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен); 

Домашниот натпревар против Косово ќе се одигра во 13:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. 

Македонската женска репрезентација на воведниот меч од групата во Лига на нации минимално со 1:0 загуби од Бугарија на домашен терен. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…