Уште еден лош турнир за првиот светски тенисер. Овој пат стигна чекор подалеку од Индијан Велс, но повторно е премалку за неговите можности.
Новак Ѓоковиќ го заврши турнирот во Мајами! Ѓоковиќ доживеа елиминација во осминафиналето каде што псоле три сета и пресврт беше поразен од Шпанецот Роберто Баутиста-Агут со 2:1 во сетови (1:6, 7:5, 6:3).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер одлично влезе во овој меч, доминираше во првиот сет и на ривалот му препушти само еден гем, а вистинска борба следуваше во вториот сет.
Тогаш започнаа брејковите на двете страни, рамноправна борба се водеше и во наредните гемови, а при резултат 5:4 за Шпанецот мечот мораше да биде прекинат поради дождот. Меѓутоа не се чекаше долго за продолжување.
После враќањето Новак играше послабо, а Шпанецот тоа знаеше да го искористи. Агут беше подобар во завршницата од вториот сет, успеа да направи брејк во 12-тиот гем и со самото тоа да поведе со 7:5.
Во третиот сет, Новак имаше проблеми со сервисот и никако не успеаваше да фати ритам, па Агут направи уште два гема, во четвртиот и шестиот. Во меѓувреме Србинот врати само еден, но остана уште тој еден брејк предност кој Шпанецот го чуваше до крајот и се избори за четвртфинале.
Во четвртфиналето Баутиста ќе игра против Џон Иснер.