Фудбалерите на Унгарија денес направија големо изненадување во Будимпешта и славеа против актуелниот вицешампион Хрватска со 2:1 во второто коло од квалификациите за пласман на ЕП 2020.
Хрватска натпреварот против Азербејџан пред неколку дена го одигра навистина бледо, но денес целосно потфрли и беше поразена во Будимпешта.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Не изгледаше дека Хрватите ќе имаат проблеми и во 13-тата минута стигнаа до водство со голот на Ребиќ. Сепак пред крајот на Унгарија доаѓа до изедначување преку Сзалаи.
Во продолжение од натпреварот Хрватска имаше повеќе од играта, но немаше големи шанси. Унгарците ја искористија својата шанса која ја имаа во 76-тата минута и преку Паткали стигнаа до предност. Само неколку минути подоцна домаќинот имаше голема шанса за 3:1, но Хрватите успеаа од гол линијата да ја спасат ситуацијата.
До крајот на натпреварот немаше промени на резултатот и Унгарија направи навистина големо изненадување. Во групата Е сега Словачка, Велс, Унгарија и Хрватска имаат по три бода.
Кога во прашање се останатите натпревари во овој термин треба да се каже дека Израел ја победи Австрија со 4:2, а Шкотска на гости ја оправда фаворитската улога против Сан Марино со триумф од 0:2.
https://www.youtube.com/watch?v=OLN18O_B9jQ