Дома Трансфер зона Официјално: Борусија се засили од Баерн!

Официјално: Борусија се засили од Баерн!

Тоа што се најавуваше и доби официјална потврда – Никлас Зуле од Баерн се сели во Борусија Дортмунд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бројни клубови се поврзуваа со дефанзивецот на Баерн на кого договорот му истекува на крајот од сезоната и нема да го продолжи. Во игра за неговиот потпис беа, Барселона, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Меѓутоа, се преговарало и со Борусија која на крајот победила во трката.

Ова е голем трансфер за Борусија која веќе вторпат во последните три години решението за одбраната го пронаоѓа во големиот ривал на Баерн. Претходно го вратија Матс Хумелс во 2019 година.

Веќе стана навика Баерн да ги доведува најдобрите од Борусија и останатите бундеслигашки клубови, а овој пат Зуле оди во спротивен правец и тоа бесплатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…