Дома Фудбал Останато Изненадување на сите изненадувања: Гвардиола го напушта фудбалот и си оди во борба за независна Каталонија

Изненадување на сите изненадувања: Гвардиола го напушта фудбалот и си оди во борба за независна Каталонија

Пеп Гвардиола одлично го води Манчестер Сити во Премиер лигата и многу експерти сметаат дека токму „граѓаните“ ќе бидат новите шампиони на Англија.

Меѓутоа, утрово од Шпанија ни пристигнуваат неверојатни вести. Имено, Пеп размислува и наводно е блиску до одлуката да го напушти фудбалот и да стане политичар. Како што јавува „Antena 3“, славниот тренер до сега со зборови ја поддржуваше оваа идеја, а по последните случувања одлучи и активно да се вклучи во процесот.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Како што наведува споменатиот извор, поранешниот тренер на Барселона и Баерн ќе се најде на листата на партијата, коај ја води Карлес Пучдемон, лидер за каталонската независност на изборите кои се закажани за 21. декември. Потсетуваме, Гвардиола повеќе пати во текот на „каталонската криза“ говореше дека Каталонците имаат право да ја изберат својата иднина, а го критикуваше однесувањето на шпанските власти.

Тој во претходните години често говореше и за митинзите кои беа за каталонска независност, а и неговата сестра е жесток застапник на идејата за отцепување од Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Родри повторно се повреди. Ќе паузира еден месец

РОДРИ (29), клучниот играч за врска на Манчестер Сити, повторно се соочи со повреда која ќ…