Дома Топ вести Изненадување: Илија Несторовски има нов клуб!?

Изненадување: Илија Несторовски има нов клуб!?

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски веќе подлого време е предметн а разни шпекулации поврзани со неговата иднина.

Интересот за Несторовски е голема бидејќи Палермо поминува низ вистински хаос и овој клуб ќе го напушатат голем број играчи, а можно е и клубот наскоро да прогласи банкрот.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Неодамна фудбалерите на клубот од Сицилија ја известија јавноста дека не добиле плата.

„Целиот град беше измамен, повредени се многу луѓе на кои овој клуб им значи. Ние фудбалерите изразувам солидарност до сите во клубот кои работеа посветено и дадоа се од себе за овој клуб и сега останаа без работа, од администрацијата до луѓето кои се грижат за теренот. Денес и ние, фудбалерите како и сите други го немаме правото на работа. Нашата плата не пристигна“, гласеше соопштението објавено пред неколку дена.

Името на Несторовски се поврзуваше со многу клубови: Црвена Звезда, Болоња, Торино, Џенова, Сасуоло…Меѓутоа „Спорт Италија“ ексклузивно пренесува дека Нестор нема да заврши во ниту еден од овие клубови и ќе потпише за Удинезе!

Според информациите на овој медиум трансферот е пред реализација и се очекува официјална потврда во наредните неколку денови.

Во Палермо како што е познато освен Несторовски игра и Александар Трајковски кој исто така многу веројатно ќе ја промени средината. Името на Трајковски во последно време се поврзуваше со Лече.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Англиските клубови се „тепаат“ за Зубименди

Арсенал сака да го засили тимот во летниот предоден рок, а приоритет за тренерот Артета е …