Тејлор Фриц на завршниот мастерс во Торино влезе како замена за Карлос Алкараз, меѓутоа тоа не го спречи да направи големо изненадување победувајќи го Рафаел Надал со 2:0 во сетови (7:6, 6:1).
Неизвесност имаше само во првиот сет во кој Американецот прв пропушти шанса за брејк, меѓутоа во тај-брејкот беше одличен и го доби со 7:3. Надал по тој загубен тај-брејк како да се распадна и многу лесно го загуби вториот сет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мечот помеѓу Надал и Фриц беше втор од зелената во групната фаза, претходно Каспер Руд го елиминираше Огер-Алиасим исто така со 2:0 во сетови.