Дома Фудбал Италија Изненадување во Рим: Лацио го менува тренерот кој дојде пред два месеци?!

Изненадување во Рим: Лацио го менува тренерот кој дојде пред два месеци?!

Игор Тудор би можел да го напушти Лацио, римскиот клуб чиј тим го презеде во средината на март.

Причина за заминувањето како што наведуваат италијанските медиуми би можела да се бара во различните ставови за летниот преоден рок. Тудор направи мал подвиг со Лацио за само два месеци и обезбеди излез во Европа за следната сезоната и тоа во Лигата на Европа, но прашање е какви се плановите на раководството за летната сезона.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Тудор е под договор и за следната сезона, но прашање е дали ќе го одработи до крај. Лацио сака да ја продолжи соработката, но тој јасно ставил до знаење како сака да се одвива ситуацијата во текот на летото.

Исто така се наведува дека Тудор не им одговарал на сите фудбалери на Лацио во соблекувалната, еден од примерите Матео Гендузи кој сака да замине, како и Луис Алберто.

Како и да е се очекува ситуацијата со хрватскиот стратег да биде појасна во најбрз можен рок со цел клубот да се посвети на припремите за сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ би можел да остане во Реал Мадрид, но само под еден услов

Хрватскиот фудбалски ветеран Лука Модриќ би можел да ја продолжи својата кариера во Реал М…