Дома Фудбал Германија Изненадување во плеј-офот: Бундеслигата на чекор да добие нов член!

Изненадување во плеј-офот: Бундеслигата на чекор да добие нов член!

Фудбалерите на Форчн од Дизелдорф славеа со убедливи 3:0 на гостувањето кај Бохум во првиот натпревар од финалето на плејофот за Бундеслигата и така речиси го обезбедија пласманот во елитниот ранг од германскиот фудбал.

Плеј-офот за Бундеслигата традиционално го игра тимот што ќе заврши на 16-тото место во Бундеслигата против третопласираниот тим во во втората лига на германскиот фудбал, а најчесто тимот што настапува во Бундеслигата завршува со победа во плеј офот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сега како што стојат работите тоа нема да биде случај бидејќи Фортуна Дизелдроф оствари импресивна победа од 3:0.

Автоголот на Филип Хофман ги доведе гостите во водство во 13. минута, а потоа Феликс Клаус и Јаник Енгелхард ја потврдија големата победа на Фортуна. Така во реваншот тешко е да се очекува дека Бохум може да дојде до некаков пресврт.

Инаку, Дармштад и Келн веќе испаднаа од Бундеслигата, додека во елитата место обезбедија Ст. Паули и Холштајн Кил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…