Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски кој неодамна го раскина договорот со Црвена Звезда, кариерата ќе ја продолжи својата кариера во јапонскиот прволигаш Јокохама.
Според пишувањата на медиумите од Србија, нашиот млад репрезентативец ги договорил условите со јапонскиот клуб и преостанува само да се договорат уште неколку детали.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Бабунски имаше понуди од Словенија и Турција, но изгледа дека најупорни биле Јапонците кои го обезбедиле неговиот потпис. Првенството во Јапонската Џеј-лига почнува на 25 февруари.
Според српските медиуми олеснителна околност при донесувањето на одлуката на Бабунски било и тоа што во Јокохама за свој соиграч ќе го има досегашниот фудбалер на Звезда, Уго Вијеира.