Дома Останати Изненадувачки трансфер: Лук Абало потпиша за норвешки Елверум

Изненадувачки трансфер: Лук Абало потпиша за норвешки Елверум

Франускиот ракометар Лук Абало после завршувањето на неговиот договор со ПСЖ реши да не заминува во пензија и кариерата ќе ја продолжи во норвешки Елверум.

Иако се веруваше дека 35-годишната ракометна ѕвезда ќе оди во пензија, сепак се реши да ја продолжи кариерата во Норвешка.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Абало потпиша едногодишен договор со Елверум со можност истиот да биде продолжен на уште една година.

Елверум следната сезона ќе настапува во Лигата на шампиони, што беше главна причина за ваквата одлука на Французинот.

Претходно во својата кариера Абало настапуваше и за Атлетико Мадрид, Сиудад Реал и Иври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Шок за шампионот: Еурофарм Пелистер остана без тренер!

Ракометниот македонски шампион Еурофарм Пелистер утрово објави дека се разделува со тренер…