Со заминувањето на Томас Тухел, Мауро Икарди конечно ќе ги добие своите пет минути.
Оваа вест ја пласираа аргентинските медиуми кои тврдат дека доаѓањето на Покетино на „Паркот на принцовите“ е завршена работа. Тие нагласуваат дека ова ќе биде шанса за Икарди да ги сврти работите во своја корист.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Икарди беше во немилост на Томас Тухел кој сезонава почесто го користеше Моисе Кин, но треба да се истакне и дека Аргентинецот беше повреден.
Медиумите во Аргентина пишуваат дека Покетино сака да му пружи шанса на Икарди и дека тој сигурно ќе ги добие своите „пет минути“.
Ќе потсетиме, ПСЖ го откупи Икарди од Интер за 50 милиони евра, а до сега во Париз Аргентинецот одигра 39 натпревари, постигна 22 гола и подели четири асистенции.