Дома Фудбал Италија Изгледа нема повеќе дилеми: Супер Марио останува во Франција?!

Изгледа нема повеќе дилеми: Супер Марио останува во Франција?!

Марио Балотели ја оживеа кариерата во дресот на Ница изминатата сезона постигна 26 погодоци на 38 настапи, се врати и во репрезентацијата на Италија и на првиот свој настап по кам бекот постигна и погодок.

Сепак, одлучи по ситекот на соработката да го напушто тимот од „Алијанц Ривиера“, станува слободен играч и ова лето ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Голем број екипи се заинтересирани да го видат во своите редови, а сега во прв план изби Олимпик Марсеј.

Интересирте на клубот од „Велодром“ се поголеми и посериозни, а по пријателскиот меч помешу Италија и Франција и стоперот на Марсеј, Адил Рами ја искористи шансата да поразговара со својот некогашен соиграч.

„Не се обидов да го убедам, не сум тренер. Разговарав со него бидејќи долго се знаеме и го почитувам како личност. Зборувавме за ништо и сешто. Сите знаат дека тој е врвен напаѓач. Можно е да се придружи на Олимпик Марсеј, бидејќи навистина созреа, а за да играте за овој тим ви треба карактер. Над се, ние во Марсеј сите го сакаме фудбалот и Марио би бил многу важна алка во екипата“, истакна Рами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На „Енфилд“ вчера бил одржан итен состанок, Слот добил ултиматум!

Ливерпул оваа сезона е во сериозна криза, потврдено и со синоќешниот пораз на „Енфилд“ од …