Дома Фудбал Останато Изгледа неверојатно: Тиаго Мота размислува за формација со која би се променил фудбалот!

Изгледа неверојатно: Тиаго Мота размислува за формација со која би се променил фудбалот!

Тиаго Мота има интересна идеја.

Играчката кариера Мота ја започна во Барселона, а потоа одлично играше во Интер, за да ја заврши во Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Дресот на францускиот клуб го носеше друри осум сезони, а сега е тренер во младинските категории на овој клуб (до 19 години).

Неодамна во интервју за „Газета дело Спорт“ откри дека би можел да примени интересна формација и тоа 2-7-2. Звучи невозможно, но неговото објаснување не изгледа толку нелогично.

„Иднината е во оваа формација. Седум играчи во средината, тоа би било добитна комбинација. За мене напаѓачот е првиот играч во одбраната, а исто така и голманот е првиот кој го започнува нападот. Голманот ја започнува акцијата со додавање, а кога во нападот ќе се изгуби топката, напаѓачите и крилните играчи тргнуваат во офанзивен пресинг, за истата да биде што побрзо одземена и вратена во посед“, изјави поранешниот играч за врска.

Навистина звучи неверојатно, посебно што е забележително дека се работи за 11 играчи во поле, без стандарден голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Убав гест: Ѕвездата на ПСЖ израдува дечиња кои си играа на улица

Додека се упатуваше кон репрезентативниот тренинг камп, Aшраф Хакими, десниот бек на ПСЖ, …