Иницијативата за финансика помош за ФК Вардар поднесена од советникот, доктор Никола Пановски денес беше изгласна во Советот на Град Скопје.
Скоро сите советници кренаа рака и ја поддржија иницијативата, па така со 34 гласа истата беше изгласна. Со колку пари градот ќе му помогне на Вардар ќе треба да одлучи градоначалничката Данела Арсовска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Инаку, ова е втора иницијатива на град Скопје за помош на Вардар. Бред нешто повеќе од осум месеци беше изгласно да се помогне со 250.000 евра, но тогаш одлуката не помина во министерството за финансии.
Исто така на дешената седница беше изгласан амандман за ребалнс на буџетот за 2023 година во кој се предвидува околу 12 милиони денари (200.000 евра) да се префрлаат на сметките на скопските клубови кои би аплицирале преку јавен повик.