Иако се уште не е официјално кој ќе ја понесе наградата за најдобар голман, во медиумите на големо се шпекулира дека резултатите се веќе познати.
„Златната топка“ по петти пат би требало да ја добие Кристијано Роналдо, но многу повеќе прашина се дигна околу изборот за најдобар голман на светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Франс Фудбал одлучи таа награда да ја добие Мануел Нојер иако многумина сметаат дека истата треба да замине во рацете на Џанлуиџи Буфон. Но, она што повеќе предизвика внимание е пласманот на Де Геа.
Голманот на Манчестер Јунајтед оваа година брани во одлична форма, но очигледно тоа не му беше доволно да се најде во Топ 5. Имено, ДеГеа се наоѓа на седмата позиција, а пред него се Хуго Љорис и Јан Облак кои ја делат четвртата позиција.