Дома Трансфер зона Де Геа пред сензационално враќање во Јунајтед, но само на три месеци?

Де Геа пред сензационално враќање во Јунајтед, но само на три месеци?

Давид Де Геа се уште е без ангажман откако го напушти Манчестер Јунајтед, а сега според последните информации би можел да се врати на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно, Јунајтед размислува да го врати Де Геа на три месеци и така да го покрие отсуството на Андре Онана на почетокот на следната година. Де Геа не се договори со Јунајтед за нов договор бидејќи клубот сакаше да му ја намали платата, а потоа го доведе Онана за 55 милиони евра.

Онана во јануари и февруари ќе има обврски кон Камерун во Африканскиот куп на Нации, па така во Јунајтед стравуваат дека во тој период голманската позиција нема да им биде добро покриена.

Токму затоа се разгледувала опцијата за враќање на Де Геа, но само на три месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…