Дома Трансфер зона Избега од Барселона во ПСЖ поради пари, а сега сака да се врати

Избега од Барселона во ПСЖ поради пари, а сега сака да се врати

Чави Симонс своевремено беше голема надеж на Барселона и „Ла Масија“, но на големо изненадување се реши да го напушти каталонскиот клуб.

Холанѓанецот пристигна во Барселона и ги помина скоро сите категории во „Ла Масија“. Очекувањата од него беа големи. Меѓутоа летото 2019 година тој одби да го продолжи договорот затоа што доби финансиски подобра понуда од ПСЖ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Симонс со ПСЖ потпиша договор на три години, но во овој момент е член на јуниорскиот тим и не добива шанса каква што очекуваше.

Неговиот агент Мино Раиола потврди пред неколку дена дека неговиот клиент сериозно размислува на крајот од сезоната да ја промени средината и тоа ќе може да го направи без оштета затоа што му завршува договорот.

Шпанскиот медиум Кадена „СЕР“ објави дека Симонс сака да се врати во Барселона затоа што сега е свесен дека направил грешка кога заминал. Наводно Лапорта и Чави немаат ништо против Холанѓанецот повторно да стане член на Барса. Останува да видиме како ситуацијата ќе се развива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…