Новите болиди на патеките би требало да се најдат веќе за две години, а Формула 1 денес откри како би требало да изгледаат.
Дизајнот на болидите кои на патеките на Формула 1 би требало да се најдат за помалку од две години денес објавен е на официјалниот сајт на ова натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Формула 1 соопшти дека дека во соработка со Меѓународната федерација (ФИА) работи на нов болид кој ќе има подобри перформанси.
„Голем оптимист сум, верувам дека ќе направиме болиди со одличен изглед кои натпреварувањето ќе го направат рамноправно“, изјави спортскиот директор на Ф1, Рос Браун.
Поранешниот шеф на тимот на Мерцедес откри дека на новиот концепт активно се работи во претходната една година, а како приоритет е означена аеродинамиката во возилата.
Најмногу внимание е посветено на предниот дел на болидот. Целта е возилата кои го следат болидот пред себе да не бидат со така големо заостанување како што е случај во овој момент.
„Со болидите кои ги имаме во овој момент се губат 50% од перформансите кога ќе се доближите на две-три метра со болидот во однос на возилото кое го следите. Со новиот концепт таа загуба е намалена на 20%“, објасни Браун.
Првите фотографии од новиот дизајн се објавени на официјалниот сајт на Формула 1.