Дома Фудбал Италија Иднината на Масимилијано Алегри е решена!

Иднината на Масимилијано Алегри е решена!

„Скај“ пренесува дека тренерот на Јувентус донел одлука!

Како што сега стојат работите Масимилијано Алегри не оди никаде.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Алегри важеше како кандидат за седнување на клупата на Арсенл, но предводник на клубот од Лондон наредната сезона најверојатно ќе биде Микел Артета, додека пак Италијанецот ќе остане во Торино.

Откако Алегри седна на клупата на Јувентус во 2014 година го предводеше клубот до четири Скудета и исто толку трофеи во Купот на Италија.

Под негово водство Јувентус два пати играше во финалето од Лигата на шампионите и два пати беше поразен. Во 2015 од Барселона, а минатата година од Реал Мадрид.

И покрај тоа што Јувентус и понатаму доминира во Италија медиумите не престануваат да шекулираат за неговата иднина и често се пишуваше дека би можел да замине, но тоа најверојатно нема да се случи, барем не оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крај на приказната: Левандовски веќе нема да игра за Полска – позната е причината!

По одлуката на селекторот Пробиеж нов капитен на „Орлите“ да биде Пјотр Жјелински, легенда…