Дома Трансфер зона Иднината на Донарума неизвесна: Дали Милан ќе мора да го продаде?

Иднината на Донарума неизвесна: Дали Милан ќе мора да го продаде?

Милан остана во игра, но ништо не зависи од нив.

Мораат да победат во Ферари и да се надеваат дека Аталанта против Сасуоло, односно Интер против Емполи дома ќе ги загуби бодовите. Изгледа дека единствена надеж е градскиот ривал, бидејќи Емполи има мотив, што се однесува на соседите, тешко дека ќе ја пропуштат шансата да го направат најдобриот резултат во својата историја.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Милан ќе мора да се соочи со нови ограничувања кога станува збор за ФФП и оваа година без Лига на Шампиони би завршиле во голем минус и како што пишуваат медиумите сигурно ќе мораат да продадат една ѕвезда. Најблиску за заминување е Донарума.

„Најдобро ништо да не коментирам“, изјави голманот на Милан кој синоќа против Фросиноне во неколку наврати го спаси тимот.

Но, ако мораат да бираат помеѓу двата најскапи играчи во Милан би го оставиле Ромањоли, а би го продале Донарума, чија цена е околу 60 милиони евра и за кого се интересираат ПСЖ и Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…