Дома Фудбал Репрезентации Иднината на Дешам не е сигурна, се огласи првиот човек на францускиот фудбалски сојуз

Иднината на Дешам не е сигурна, се огласи првиот човек на францускиот фудбалски сојуз

На Европското првенство пристигнаа како најголеми фаворити, но Французите настапот го завршија во осминафиналето.

Во осминафиналето Швајцарија ги елиминираше после пенал серијата и сега се бара виновникот за разочарувањето. На удар на критики сосема очекувано се најде Дидиер Дешам, а во Франција се води расправа за неговиот статус.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Веќе се шпекулира со имињата за негов наследник, а на оваа тема зборуваше и првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Франција, Ноел Ле Грат.

„Дидиер мора да размисли како и јас. Ќе се најдеме некаде надвор од канцеларија, ќе поминеме еден ден заедно и ќе сфатиме кој што сака“, изјави првиот човек на францускиот фудбал.

Ле Грат сака да знае дали Дешам е мотивиран да продолжи.

„Зборуваме за човек кој ни донесе многу радост и не одведе до победа на Светското првенство во 2018 година. Ќе чекаме, ќе разговараме со него за Европското првенство. Сакам да знам како се чувствува и дали е мотивиран. Истото важи и за мене“, порача Ле Грат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арсенал ја претстави новата скапа ѕвезда

Арсенал официјално го претстави Еберечи Езе како нов член. Тоа се случи неколку минути пре…