Тренерот на Јувентус, Макс Алегри ги затиши сите кои го критикуваа претходните недели.
Од моментот кога во првиот натпревар беше поразен од Атлетико со 2:0, не помина ден во италијанските медиуми а да не се пишуваше за негова смена. Навредите и критиките толку го погодија Алегри што одлучи едно време да се повлече и од социјалните мрежи, но сето тоа денеска е минато.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алегри и неговите избраници ја надокнадија негативата од 0:2 и заслужено се пласираа во четврт финалето, а задоволството од Алегри не го криеше ниту Буфон, кој им честиташе на своите поранешни соиграчи.
Неговите зборови му беа пренесени на Алегри по завршувањето на натпреварот, а на таа тема тој даде интересен одговор.
„Благодарам Буфон, и тој ја пишуваше историјата на Јувентус. Го гледавме неговиот ПСЖ и тажни сме што така заврши, но ние ќе се обидеме да одиме до финалето во Мадрид, па тој може да ни се приклучи.“ – изјави Алегри, кој со идејата ги воодушеви навивачите на Старата дама.
Да потсетиме, сите три погодоци за Јувентус ги постигна Кристијано Роналдо.