Дома Останати Тенис Идентично како Ѓоковиќ: Крај на сезоната за Вавринка

Идентично како Ѓоковиќ: Крај на сезоната за Вавринка

Швајцарскиот тенисер, Стан Вавринка соопшти денес дека ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото.

Вавринка нема да ја брани титулата на последниот Гренд Слем во сезоната, Ју-ес опен, а проблемот е повреда, која ќе се обиде да ја реши со операција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Жал ми е што морам да соопштам дека по разговорот со членовите на мојот тим и докторот донесов тешка одлука да заминам на операција на коленото. Тоа беше единствена опција и сигурен сум дека повторно ќе бидам во состојба да се натпреварувам на врвно ниво“, истакна Вавринка.

Тој така му се придружи на Новак Ѓоковиќ, кого го совлада во минатогодишното финале на Ју-ес опен, во одлуката да го пропушти остатокот од сезоната.

„Се е ова разочарувачки, но веќе гледам кон плановите врзани за закрепнување. Го сакам овој спорт и ќе работам напорно да се вратам во врвна форма за да играм уште многу години. Сакам во оваа прилика да им се заблагодарам на своите навивачи на пораките за поддршка кои ми ги испратија во текот на изминатите денови. Се гледаме во 2018. година“, додаде Вавринка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…