Дома Фудбал Познато колку Суарез ќе отсуствува од терените

Познато колку Суарез ќе отсуствува од терените

Барселона викендов беше поразена на гостувањето кај Леванте со 3:1.

Каталонците го запишаа третиот пораз во Ла Лига оваа сезона иако на полувремето водеа со 1:0, но во вториот дел домашниот тим во период од само седум минути постигнаа три погодоци и на крајот славеа голема победа.

Покрај поразот, дополнителни главоболки на Валверде му даде Суарез кој во 41. минута поради повреда мораше да го напушти теренот.

Уругваецот заработи повреда на десната нога, а шпанските медиуми пренесуваат дека ќе биде надвор од теренот три недели.

Суарез така ќе го пропушти натрпеварот во ЛШ против Славија, како и натпреварите против Селта и Леганес во лигата, а прашање е дали ќе биде спремен за дуелот против Борусија Дортмунд во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…