Кристиано Роналдо и Лео Меси дефинитивно обележија една ера поради нивното неверојатно високо ниво на игра долги години.
Роналдо и Меси, иако од поодамна се во четвртата деценија од животот поставуваат стандарди, а тоа не може да се каже за Гонзало Игуаин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Игуаин во овој момент настапува во МЛС лигата за Интер Мајами, а за аргентинските медиуми зборуваше за својата кариера, Меси и Роналдо.
„Бев играч кој играше со двајцата, а потоа бев тој со кој двајцата најдобро се сложуваа во играта. Ги разбирав Меси и Роналдо. Проблемот не е во нив, туку во вас. Знаев што сакаат, што не сакаат, како се чувстуваат комфорно, а како не. Можеа да се потрпат на мене“, изјави Игуаин.
„До 2014 бев најдобар напаѓач во светот, а после Германија се заврши. До тогаш постигнав девет голови во квалификациите, а сега тоа никој не го кажува. Да не заборавиме дека мораш да постигнуваш голови за да се пласираш на СП“, порача Игуаин.