Дома Фудбал Останато Играше само една сезона во Европа и тврди: Бев подобар од Меси, Роналдо и Нејмар

Играше само една сезона во Европа и тврди: Бев подобар од Меси, Роналдо и Нејмар

Некогашниот бразилски репрезентативец, Едилсон истакна дека на врвот на играчката кариера бил подобар од Кристиано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар.

Едилсон со репрезентацијата на Бразил го освои Светското првенство кое во 2002 година кое се одржа во Кореа и Јапонија, а со Палмеирас и Коринтијанс четири пати беше шампион на Бразил.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Во најдобрите денови играв подобро од Нејмар. Треба да го освои Светското првенство за да биде подобар од мене. За Меси да е подобар од мене и тој мора да го освои Светското превенство. Што се однесува до Кристиано, тој е само сила. Добро ја удира топката со двете ноѕе, но јас бев повешт од него“, изјави Едилсон.

Интересно е тоа што Едилсон само една сезона помина во Европа и тоа играјќи за Бенфика, а останатиот дел од кариерата ја градеше во Бразил, Јапонија и во ОАЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…