Фудбалерот на Баерн, Кингсли Коман, се најде во центарот на вниманието поради бизарна казна која би можел да ја добие од својот клуб.
Коман на тренинг на Баерн пред неколку дена пристигнал со својот Мерцедес, но тоа може скапо да го чини бидејќи ги прекршил правилата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, познато е дека Ауди долго време е спонзор на баварскиот клуб и играчите по правило мора да доаѓаат со автомобилите на оваа марка.
Баерн годишно заработува околу 50 милиони евра од Ауди и јасно е зошто ова може да биде проблем за Коман.
Билд вчера објави дека Французинот сигурно ќе биде казнет, а се шпекулира дека казната ќе изнесува 50.000 евра. За него ова не е прв пат да го крши ова правило откако претходната година на тренинг дојде со Мекларен, а потоа беше казнет.
Коман се огласи и се обиде на бизарен начин да објасни зошто не дојде со Ауди на тренингот на Баерн.
„Сакам да му се извинам на клубот и Ауди што не дојдов на тренинг со својот службен автомобил. Причината е оштетениот ретровизор на моето Ауди. Сепак, тоа беше грешка. Како оправдување, ќе ја посетам фабриката на Ауди во Инглоштад и ќе им поделам автограми на вработените.“ – рече Французинот.
Coman had to park his car on the street instead of parking inside the parking lot as he came to the training by a Mercedes instead of Audi. The club will probably fine him 50,000 €. [Bild] pic.twitter.com/mUoEIaAN37
— Bayernology (@Bayernology1) March 14, 2021