Дома Фудбал Италија Играчите на Лацио одбиваат намалување на платите

Играчите на Лацио одбиваат намалување на платите

Играчите на Лацио не прифаќаат намалување на платите од март до јуни поради пандемијата со коронавирусот, пренесуваат италијанските медиуми.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ги контактирал играчите за да ги замоли да се оди на намалување на платите за март и април. Покрај тоа, клубот сака да преземе вакви мерки во мај и јуни, доколку Серија А не продолжи.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Фудбал Италија“ пренесува  дека играчите не биле задоволни кога дознале за оваа идеја, и реагирале негативно на предлогот на Лотито.

Лацио е втор на табелата во Серија А со само еден бод заостанување зад лидерот Јувентус и е еден од најгласните клубови кои апелира за продолжување на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Taжен крај: Поранешната ѕвезда на Челси поради проблеми со срцето ја заврши кариерата

Поранешниот играч од средината на теренот на Челси, Оскар, е принуден да ја заврши својата…