Игор Тудор ќе биде нов тренер на Олимпик Марсеј.




Хрватскиот стратег потпиша двегодишен договор откако минатата сезона ја водеше Верона во италијанското првенство.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Сите знаеме колку е ова голем клуб. Разговарав со пријателот Ален Боксиќ кој играше тука и ми кажа само убави работи. Го познавам тимот и пресреќен сум што ќе станам тренер на овој клуб“, изјави 44-годишниот хрватски тренер.




„Секој тренер е поинаков. Јас сакам напаѓачки, интезивен фудбал, но не ја заборавам одбраната. Мојата цел е публиката на стадионот да не биде разочарана“, изјави Тудор на претставувањето.




Тудор откри и дека помошник ќе му биде Мауро Каморанези, светскиот шампион со Италиај од 2006 година.