
Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, со насмевка го прокоментира новиот неверојатен натпревар на неговиот тим, откако торинскиот клуб одигра нерешено 4:4 против Борусија Дортмунд, предводена од Нико Ковач, во првото коло од новата сезона на Лигата на шампионите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако неговиот состав беше на работ на пораз, Тудор може да биде позадоволен од Ковач – Јувентус до третата минута од судиското продолжение губеше со 2:4, но сепак успеаа да извлечат значаен бод.
Само неколку дена претходно, Јувентус во Серија А го совлада Интер со 4:3, иако гостите во еден момент водеа со 3:2. Новиот натпревар во Лигата на шампионите донесе слично сценарио – овојпат со уште повеќе драма.
“Веќе ми е доста од вакви натпревари”, изјави Тудор за Sky Sport Italia.
“Во фудбалот никогаш не е завршено. Добро е што верувавме до крајот. Игравме против навистина силен тим и дадовме сè од себе. Сепак, примаме премногу голови.”
Натпреварот беше смирен во првото полувреме, меѓутоа продолжението донесе вистинска голеада – сите осум голови беа постигнати во вториот дел. Тудор истакна дека физичкиот замор на тимот беше очекуван, бидејќи играа само три дена по исцрпувачкиот натпревар против Интер.