Дома Македонски спорт Ивановски продолжува да гази: Уште една победа против Вандермерш за четвртфинале!

Ивановски продолжува да гази: Уште една победа против Вандермерш за четвртфинале!

И денес продолжи одличната серија на македонскиот тенисер Калин Ивановски во Тунис.

Ивановски денес запиша уште еден триумф против Сирил Вандермереш со 2:1 во сетови,, 5:7, 6:2 и 6:4 и така се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Монстаир.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Третиот носител на турнирот го освои првиот сет, а потоа следуваше доминација на македонскиот тенисер. Во вториот сет Ивановски беше убедлив и го доби со 6:2, додека во третиот Вандермерш се доближи до 4:5, но на крајот сепак Ивановски на свој сервис го приведе мечот кон крајот.

Ова е втора победа за Ивановски против Вандермереш претходно го победи на првиот турнир кога обезбеди место во финалето и го освои тој турнир. Во четвртфиналето Ивановски ќе игра против Метју Делаведова и тој е познат ривал за Македонецот, со него резултат 1:1 во два меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…