Дома Македонски спорт Ивана Џатевска се пресели во Унгарија

Ивана Џатевска се пресели во Унгарија

Унгарскиот женски ракометен клуб Кишварда бараше замена за повредената Грета Сапи која ќе биде надвор од терените до крајот на тековната сезона.

Кишварда ја пронајде замената во Македонија, од редовите на ЖРК Чаир Скопје ангажирајќи ја нашата репрезентативка Ивана Џатевска.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Џатевска која игра на позицијата пивот, претходно ги бранеше и боите на ЖРК Вардар.

Ги помина сите младински категории, а со најдобрата репрезентација беше дел од Европското првенство 2022.

Воедно од нејзиниот нов клуб информираат дека на Џатевска нема да ѝ биде непознат теренот во Кишварда каде годинава во април Македонија го играше баражот за СП 2023 против Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Уште еден репрезентативец на Македонија ќе паузира долго време поради повреда

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров се соочува со нов голем …