Дома Фудбал Останато Ибра отворено за односот со Гвардиола: Она што ми го направи мене им го направи и на Ето и Манџукиќ

Ибра отворено за односот со Гвардиола: Она што ми го направи мене им го направи и на Ето и Манџукиќ

Златан Ибрахимовиќ сега зборуваше за неславната епизода во Барселона и неговиот однос со Пеп Гвардиола.

Гвардиола ја напушти Барселона после само една сезона и во 2009 година се пресели во Баерн, а сега тврди дека истата работа Пеп му ја направил и на Манџукиќ во Баерн.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Барселона таа година ја освои Лигата на шампионите и ме посакуваа. Ми беше тешко да го напуштам Интер бидејќи имав добар однос со Морати. Максвел исто така таа година премина во Барса и му кажав: Ти ги давам моите копачки, нека ме чекаат загреани“, открива Ибра.

„После два дена се сретнаа луѓето од Интер и Барса и се договорија за само 20 минути. Ме повика Мино и ми кажа дека се е завршено. Добро започнав, тоа беше тим од соништата со Меси, Чави, Иниеста, Анри и Дани Алвеш. Потоа Гвардиола ја промени тактиката. Останав на клупата, а тој не сакаше да зборува со мене“, се потсети Ибра и додаде:

„Заминав бидејќи не сакав некој да прави будала од мене. Подоцна видов дека истото им го направи на Ето и Манџукиќ. Не е тој најлошиот тренер со кој сум работел, но се однесува како дете. Тој не ги решава своите проблеми, туку бега од нив“, изјави Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…