Дома Видео Ибра не треба да го провоцирате: Тоа го направи играчот на Аталанта, па си го доби

Ибра не треба да го провоцирате: Тоа го направи играчот на Аталанта, па си го доби

Златан Ибрахимовиќ е познат по тоа дека на никој не му останува должен, особено некој ако се обиде да го испровоцира.

Милан беше понижен од Аталанта со 0:3, а во судиското продолжение видовме сцена во која после расправија со Ибра дебелиот крај го однесе Запата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Росонерите во досегашниот дел од сезоната имаа 12 пенали, а удар од белата точка очекуваа и во судијското продлжение.

Во таа прилика Запата му рече на Ибра: „Не можете да го завршите натпреварот, а да не добиете пенал. Сакате и 13. пенал?“

Следуваше бруталниот одговорт од Ибра после кој Колумбиецот никогаш повеќе нема да помисли да влезе во дискусија со Швеѓанецот.

„Што зборуваш? Имам повеќе голови во кариерата отколку ти што имаш одиграно натпревари.“ – му порача легендарниот напаѓач.

Статистиката покажува дека Ибра постигнал 498 погодоци, а Запата одиграл 371 натпревар. Разлеката помеѓу нив е десет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Атлетико и Интер спремаат трампа

Атлетико Мадрид покажува силен интерес за играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези…