Златан Ибрахимовиќ повторно се најде во центарот на вниманието во американската МЛС лига.
Лос Анџелес Галакси запиша пораз од 5:3, во градското дерби против Лос Анџелес ФК, а Златан тешко го поднесе тоа што нема да игра во полуфиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раното губење шанси за титулата Швеѓанецот го разочара и по излегувањето од теренот се фати за гениталиите и на тој начин ги „почасти“ домашните навивачи.
По елиминацијата на неговиот тим во четвртфиналето, 38-годишниот Ибрахимовиќ даде контровезна изјава.
Остануваат уште два месеци од договорот. Ќе видиме што ќе се случи после тоа. Ако останем во МЛС тоа ќе биде добро, затоа што првенството ќе го гледа целиот свет. Ако заминам, никој нема да се интересира за МЛС“, изјави Ибрахимовиќ.