Фудбалерот на Милан Исмаил Бенасер зборуваше за влијание кое на тимот на Милан го има Златан Ибрахимовиќ, тој истакна дека шведскиот напаѓач понекогаш знае да биде прилично остар со младите соиграчи.
„Златан нас не не штеди. Кога ќе видиме како вика на теренот знаеме дека е подобро да не зборуваме ништо . Тој ни носи многу, има неверојатно искуство и се обидува да не издигне на повисоко ниво. Ни дава многу совети. Тој поставува стандарди за новите фудбалери на Милан“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ако сакаме нашите навивачи дан е запаметат мораме да правиме успеси. Навивачи можеби сеган е се физички на стадионите со нас, но сме свесни дека не следат и затоа мораме да даваме се од себе“, изјави алжирскиот играч за врска.
Бенасер во Милан дојде во 2019 г одина, а претходно настапуваше за Арл, Тур и Емполи, а беше и играч на Арсенал. За репрезентацијата на Алжир до сега одигра 25 натпревари и постигна еден гол.
Милан во овој момент се наоѓа на првата позиција на табелата во Серија А со два бода повеќе во однос на градскиот ривал Интер. Во наредното коло во сабота „росонерите“ гостуваат кај Специја.