„Ибра му порачал на Милан – чао, чао“, објави „Газета дело Спорт“ на својата насловна страна со додаток: „Адио од Златан за Милан“.
Најчитаниот италијански и еден од најреномираните спортски медиуми во текстот пишува дека Ибрахимовиќ си заминува лут затоа што клубот го отпушти Звонимир Бобан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот играч на Милан од 90-тите, од пролетта минатата година беше главен оперативец заедно со Паоло Малдини. Токму Бобан беше еден од главните виновниците што Златан се врати во Милано, а по неговото враќање Милан започна да изгледа подобро.
Бобан сакаше да го доведе уште во текот на летото, но Иван Газдис се противеше затоа што американската корпорација „Елиот“ сакаше да го подмлади тимот. Меѓутоа откако на подмладениот Милан не му одеше добро повикан беше Ибра. И навистина Милан со него изгледаше подобро и Бобан и Малдини имаа намера околу него да го градат тимот за идната сезона.
Сепак, плановите на Бобан веќе не важат затоа што пред три недели доби отказ откако во интервју за „Газета“ го нападна Газидис кој од зад грб договорил доаѓање на Ралф Рагник кој од идната сезона би требало да биде менаџер. На тој начин Бобан беше изигран.
„Тоа беше доказ за непочитувањето и нема врска со стилот на Милан“, порача Бобан во интервјуто.