Според последните информации, Златан Ибрахимовиќ нема по втор пат во кариерата да го облече дресот на Милан.
Шведските медиуми пренесуваат дека Ибрахимовиќ го послушал мислењето на неговото семејство кое не сакало Златан да заминува од Калифорнија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ибрахимовиќ на големо се поврзуваше со Милан и во игра беше шестмесечен договор, меѓутоа медиумоот „Експресен“ тврди дека Швеѓанецот ќе остане во МЛС.
Во текстот се наведува дека сопругата на Ибрахимовиќ и неговите два сина се многу среќни во Лос Анџелес и тие се противат на опцијата тој да се врати во Европа.
Поранешниот фудбалер на Малме, Ајакс, Јувентус, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед во овој момент заработува 1.5 милион долари по сезона.