Дома Трансфер зона Ибрахимовиќ доби отворена покана да се врати во Серија А

Ибрахимовиќ доби отворена покана да се врати во Серија А

Златан Ибрахимовиќ констатно се поврзува со повеќе европски клубови.

Иако има 38 години Ибрахимовиќ смета дека се уште може да игра на високо ниво и без проблеми да постигнува голови во Серија А.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ибрахимовиќ се поврзуваше со Интер и Милан, а сега претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис упати отворена покана до Швеѓанецот.

„Пред се тој е мој пријател. Го запознав како сосема обична личност во Лос Анџелес. Поминавме неколку дена во дружење го повикав него и семејството на вечера имавме навистина убаво дружење. Тој е сосема друга личност од она на теренот. Желба ми е да дојде, но тоа зависи од него. За тоа веќе долго се зборува“, изјави Де Лаурентис.

Ибрахимовиќ во минатото во Италија го носеше дресот на Интер, Милан и Јувентус, а во овој момент е член на Ла Галакси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…