Фудбалерите на Ливерпул и Барселона вечерва го играат реваншот во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Ливерпул сигурно пред полни трибини ќе го дочека каталонскиот клуб и се надева дека чудо бидејќи во првиот натпревар минатата недела во Барселона беа поразени со 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу се прашуваат како навивачите на „црвените“ вечерва ќе ги дочекаат Луис Суарез и Фелипе Кутињо кои го носеа дресот на англискиот клуб. Суарез замина на убав начин, но предизвик бес минатата недела кога го прослави голот против Ливерпул.
Кутињо скоро сигурно ќе добие свирежи бидејќи не го напушти Барселона баш на убав начин. Атмосферата дополнително ја загреа фотографијата која ја објави Барселона.
Имено, Суарез и Кутињо во тунелот на „Енфилд“ се фотографираа покрај грбот на Барселона. Она што изненади е големиот број негативни коментари од навивачите на Ливерпул кои следуваа на оваа фотографија.