Дома Фудбал Италија Зошто Роналдо беше лут на Алегри во натпреварот против Наполи? (ФОТО)

Зошто Роналдо беше лут на Алегри во натпреварот против Наполи? (ФОТО)

Вчера Јувентус го победи Наполи со 1:2 во дербито на колото на во Серија А и така ја зголеми предноста на врвот на табелата на 16 бодови.

Меѓутоа далеку од тоа дека за „старата дама“ во овој натпревар одеа лесно. Наполи беше многу подобар противник во второто полувреме, а не успеаа да реализираат и пенал.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Наполи преку Каљехон намали на на 1:2 во вториот дел, а тогаш се забележа и една ситуација во која Кристиано Роналдо беше лут на Алегри.

Јувентус имаше предност резултатски и бројчано додека Миралем Пјаниќ не заработи втор жолт картон пред таа 65-та минута. Роналдо според медиумите во Италија бил лут на Алегри затоа што тимот играл премногу дефанзивно.

ronaldo alegri

Нападите на Наполи беа се посилни, а Роналдо беше поставен поназад. Во 84-тата минута Инсиње не реализираше пенал за изедначување.

Наводно Роналдо барал од Алегри Јувентус нападне сметајќи дека во тимот на Јувентус им супер напаѓачки потенцијал, но тренерот на Јувентус не мислел така.

Ваквиот конфликт и не е толку зачудувачки, дел од навивачите на Јувентус се незадоволни и го делат мислењето со Роналдо. Во наредното коло Јувентус ќе го пречека Удинезе, а Португалецот ќе ја бара својата 20-та јубилејна победа во Серија А.

Сепак за Јувентус многу поважен е натпреварот кој се игра во текот на наредната недела, реваншот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пикфорд во натпреварот против Србија израмни рекорд

Репрезентацијата на Англија вчера ја победи Србија со 0:1 во натпреварот кој се играше во …